Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сторителите за случајот на Онкологија мора да бидат изведени пред лицето на правдата, јас би инсистирал на драконски казни

Се згрозив од тоа што го гледам изминативе денови, а згрозен сум уште повеќе што ја гледам власта како се препелка со овој случај и ништо не прави, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што би направиле тој и партијата доколку се на власт, за време на посетата на општина Петровец.

Мицкоски посочи дека „сите оние иницијативи што доаѓаат од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во парламентот како анкетна комисија, собраниска седница, ги одбиваат, а ги одбиваат затоа што се плашат оти треба да се соочат со вистината“.
Мицкоски се осврна и на прашањето што би направил доколку би бил на власт во овој момент.

„Прво, не би дозволил да дојде до тоа. Не може никој да ме убеди дека на неколку медицински работници и два-тројца криминални директори им текнало на маката на болните да им ги земаат лекарствата и да ги шверцуваат за да профитираат. Никој не може да ми каже дека тие се без поддршка, сериозна поддршка од високо позиционирани политички фигури. Тоа е невозможно. Второ, кога сега би го презел случајот, 24 часа би траела истрага, би ја скратил и сторителите би ги извел пред лицето на правдата и би инсистирал на драконски казни. Се разбира, последно е на судовите“, заклучи Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Непостоечки хигиеничари, лажни дневници, каде завршуваат парите од тендерот во Пошта вреден 1,2 милиони евра ?

ДЕСК

Групна тепачка во угостителски објект во Скопје – МВР со детали за предновогодишниот инцидент

ДЕСК

Мицкоски: Вкупно околу 110 милиони денари се вложени во ГАК, од кои 35 милиони се за реновирање

C +