По преземени мерки и активности, денеска полициски службеници од ЕВР Гази Баба расчистија кривично дело „одземање на моторно возило“, извести МВР.
– Имено, по извршено вештачење било утврдено дека малолетник од Скопје на 03.05.2023 на подрачје на Гази Баба одзел патничко возило „хјундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки, соопшти МВР.
Бонус видео:
Денеска во Полициската станица Гази Баба, во присуство на родител и адвокат, бил извршен службен разговор со малолетникот, во кој тој го признал делото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


