16.8 C
Скопје
25. септември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Важно е сами да продолжиме да го негуваме нашиот културен идентитет, а ЕУ ќе го поддржи тоа

“Многу е важно сами да продолжиме да го негуваме и да се грижиме за нашиот културен идентитет, а ЕУ ќе го поддржи тоа. Сега стоиме одговорно исправени пред задачата која не се однесува само на нашата иднина туку и на заштита на нашето културно наследство, нашиот идентитет и кои сме како нација” рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на трибината “ЕУ џа македонското културно наследство” во Битола.

Таа додаде дека најдобра заштита за културните обележја е културниот мозаик на ЕУ каде што се слави различноста и се создава единство преку заедничките вредности.

“Имаме можност македонските културни корени и богатство да се зачуваат трајно и да се слават на европската сцена. Да направиме чекор напред кон ЕУ во интерес на нашата култура, на нашиот народ и европската иднина. Нека македонското културно наследство во 2030 година свети во срцето на Европа” рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката рече дела мисија на ЕУ е да ги заштитува и да ги промовира културните специфичности на секоја држава без да се негираат националните култури и идентитети.

“Европската Унија го поддржува и го поттикнува зачувувањето на македонскиот културен идентитет, а за тоа се доказ европските средства вложени преку многубројните програми за реставрација на значајни културно-историски споменици низ државава” рече министерката Костадиновска-Стојчевска.