Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со „тојота“ прегазен малолетник во Скопје, констатирани му се тешки повреди

Вчера попладне, околу 16.45 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Васко Карангелевски и сервисна улица, патничко моторно возило „тојота“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот С. Ѓ. од Демир Капија, удрило во малолетен пешак од Скопје, извести МВР.

„По несреќата, малолетникот бил пренесен во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди“, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК