14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Левица и ДПМНЕ ги злоупотребија болните од рак и нивните семејства на денешниот протест

Протестот во Скопје кој требаше да биде за скандалот со кражбата на лекови на Клиниката за Онкологија прерасна во партиски протест на ДПМНЕ и Левица кои го злоупотребија гневот на граѓаните со партиска пропаганда.

Активисти на опозициските партии со политички и партиски пароли се обидоа и од тажните лични животни приказни да извлечат ситни политички поени, споделувајќи фотографии на социјалните мрежи како од предизборен митинг.

Ваквиот однос на опозициските активисти наиде на осуда од граѓаните кои сугерираат дека овој протест не е за споделување фотографии со широки насмевки.

Наместо барање за брза и темелна истрага на протестот тие истакнуваа погрдни зборови и пораки, говор на омраза и политички пароли. На социјалните мрежи се споделуваат се повеќе фотографии и постови со осуда за ваквата злоупотреба на скандалот и човечките судбини од страна на опозициските партии како предизборна кампања.

За политизацијата на протестот претходно предупредија и политичките аналитичари, кои побараа одговорност и разрешница на случајот, но и да не се дозволи да се сензационализира и злоупотребува целата ситуација.

Професорката од Правниот факултет, Ана Чупевска рече дека јавноста е оправдано згрозена и реагира за овој случај, но исто така повика и против злоупотребите на човечките судбини.

„И уште нешто, повици за протест се легитимни, ама не и однапред да ги осудувате, со фаци што сте ставиле на слики и да повикувате на линч без да имате било какви докази. Аман кое дно сте ??? Трамповци и трапчовци“, вели Чупеска.

Спонзорирано: