Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тројца уапсени во Тетово, пронајдена марихуана и нож

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер, околу 23 часот и 40 минути на улица „Илинденска“ во Тетово ги лишиле од слобода гостиварците 48-годишниот Г.Е., 36-годишниот Л.Ф. и швајцарскиот државјанин, 33-годишниот Р.Б., извести СВР Тетово.

– При нивен и преглед на патничкото моторно возило „фолксваген тигуан“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана, додека на Г.Е. му бил одземен и нож, соопшти СВР Тетово.

Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

ИМА ЛИ ПРЕДИСТРАГА ЗА „АЛТА БАНКА“? – Државниот обвинител одби да открие пред пратениците

ДЕСК

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ НА ЧЕЛО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА – Избрано ново раководство

ДЕСК

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК