Centar.mk
ЛОКАЛНО

Казни за 175 непрописно паркирани возила во Центар, 83 отстранети со пајак

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 175 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 28.08. до 03.09.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 83 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 92 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

C +

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК