12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Костадинов, ќе учествува на работилницата на Регионалниот хаб на Мрежата на силни градови за Западен Балкан, која на 5 и 6 септември ќе се одржи во Будва

Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов, ќе учествува на работилницата на Регионалниот хаб на Мрежата на силни градови за Западен Балкан, која на 5 и 6 септември ќе се одржи во Будва, Црна Гора.

Темата на работилницата е „Зајакнување на улогата на градовите за справување со омразата, екстремизмот, поларизацијата преку подобрена соработка помеѓу националното и локалното ниво“, а учествуваат претставници на Стејт Депарментот на Соединетите Американски Држави, градоначалници и партнери на Мрежата на силни градови.

Општина Струмица ја доби поканата и стана член на Мрежата на силни градови, како Општина со најактивен Локален совет за превенција во државата, кој се потврди како вистински пример за систематски пристап кон третманот на различните отворени општествени прашања.

На работилницата во Будва, градоначалникот Костадинов ќе ги пренесе позитивните искуства од функционирањето на струмичкиот Локален совет за превенција, а кои беа препознати и од Мисијата на ОБСЕ и како модел ќе се користи за формирање на вакви совети и во другите општини. По примерот на Струмица и со активно учество на негови претставници, веќе е формиран ваков Совет и во Даниловград, Црна Гора.