Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Контрола во Велес, пронајдена дрога, приведени седум лица

Минатата вечер (02.09/03.09.2023) во периодот од 22.00 до 01.30 часот на место викано „Бабуна“ во Велес, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес лишиле од слобода седум лица затоа што кај нив биле пронајдени различни видови дрога.

Имено, полициските службеници постапувајќи по претходно изготвен план за „Безбедно лето 2023“ и на местото, каде што се одржувала забава, извршиле контрола на повеќе лица и возила. Притоа, во 22.00 часот од слобода биле лишени 19-годишната А.М. од с.Теарце, тетовско, А.Т.(20) од Прилеп и Д.Т.(20) од Тетово затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и таблети екстази. Во 22.45 часот од слобода биле лишени И.Г.(29) и Ј.А.(20), двајцата од Велес, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин. Додека, во 01.30 часот од слобода биле лишени Р.С.(30) и 32-годишната С.С., двајцата од Скопје, затоа што при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени одземени марихуана и амфетамин. ,

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И УТРА ДО −3 °C – Од понеделник услови за слаб локален дожд

ДЕСК

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК