Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се запалил автобус кај Стража

Автобус кој патувал на релација Гостивар – Кичево, се запалил утрово кај Стража.

Денеска, во 11 часот и 20 минути на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу три километри пред месноста „Стража“, настанал пожар во автобус кој се движел кон Кичево.

Од ЦУК велат дека нема повредени патници:

Денес, 01.09.2023, во 11.25 часот на бесплатниот број за итни повици 112 е добиена пријава дека пред патниот премин Стража е запален патнички автобус кој се движел на редовната линија Скопје – Охрид.

Операторот од 112 веднаш ги известил МВР – СВР Тетово и ТППЕ Гостивар.

Гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале запалениот абжвтобус.

Нема ниту еден повреден патник.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК