22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уапсен скопјанец, нападнал полицаец

Вчера, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода 21-годишниот С.Ј. од Скопје, извести МВР.

– Тој се сомничи дека на 18.08.2023 на ул.„Скупи“ во Скопје, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, додаваат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.