16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен тетовец: ја малтретирал жена си и кршел предмети дома

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер, околу 23 часот, го привеле 64-годишниот тетовец Х. Ј.

Еден час пред тоа тој бил пријавен од 58-годишната сопруга дека во семејниот дом се однесувал агресивно кон неа и ја оштетувал покуќнината.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.