Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ДОАЃА ОСВЕЖУВАЊЕ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за времето

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со свежи утра, со појава на мала до умерена облачност и со благо покачување на дневната температура. Во недела од крајот на денот ќе се зголемува облачноста и во понеделник ќе преовладува претежно облачно време со умерен до повремено пороен дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Прогноза за 02.09.2023
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 35°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. UV=7

Прогноза за 03.09.2023
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 29°C до 36°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од вечерните часови облачноста че се зголеми. UV=7

Прогноза за 04.09.2023
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Претежно облачно и ветровито. Од претпладневните часови од север ќе се прошират врнежи кои повремено ќе бидат поројни проследени со умерен до силен северен ветер и грмежи.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК