Centar.mk
БИЗНИС

ВЛАДАТА ЌЕ СПРЕЧИ ЦЕНОВЕН ШОК: Од септември нови мерки за заштита на граѓаните

За идните мерки што ќе се преземат во однос на ценовниот шок било разговарано со министрите од економските ресори во Владата.

Интервенциите најверојатно ќе бидат во делот на маржите и во делот на разликата меѓу производните и продажните цени.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека се подготвуваат нови мерки.

Centar.mk дознава дека мерките би требало да бидат утврдени во текот на септември.

Претходно како што објавивме пристигнаа шпекулации за покачување на некои од цените на основните прехранбени продукти.

Шпекулацијата пак дека ќе поскапи лебот која беше пуштена во јавноста изминатата недела беше демантирана и од страна на мелничарите, но и од пекарите. Цената на лебот останува иста. Цената нема да биде покачена ниту на месните производи, но во меѓувреме поскапија некои од млечните производи, па така според информации на Centar.mk голем број на граѓани чарето по поевтини и поквалитетни млечни производи го бараат во маркетите на Лидл во соседните Грција и Србија, каде цените на некои производи се пониски, но производите со европски квалитет.

Нашата репортерска екипа го посети маркетот на Лидл во Лерин, каде се уверивме и во пониски цени на одредени производи, во квалитетот на тие производи, а пред маркетот можеа да се забележат голем број на возила со македонски таблички.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИ ПЛАНИРАНИТЕ РОКОВИ ЗА ГАСНИТЕ ВРСКИ – Интерконекторот со Грција се очекува во 2027, со Србија во 2028 година

ДЕСК

ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ СЕ ПОКАЧИ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА – Работниците во Македонија очекуваат ново зголемување, еве што предвидува законот

ДЕСК

КОЛКУ ЌЕ ВРЕДАТ ЕВРОТО И ДОЛАРОТ ВО ПОНЕДЕЛНИК? – Позната курсната листа за 9 ноември, еве колку денари вредат 100 и 500 евра

ДЕСК