Centar.mk
БИЗНИСвест

МТСП: Пензиите продолжуваат да се исплаќаат на почетокот на месецот, се враќа редовниот начинот на исплата како пред пандемијата

Министерство за труд и социјална политика ги известува пензионерите дека пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно.

Министерството известува дека со исплатата на пензијата за месец август се враќа редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот.

За време на траење на пандемијата, во соработка со деловните банки, се вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи, како дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група, а со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на 1-ви во месецот директно од буџетот на државата.

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ОБЈАВИ КУРСНАТА ЛИСТА ЗА 27 НОЕМВРИ – Познато е колку чинат еврото, доларот и франкот

ДЕСК

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ПЛАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Просекот достигна 49.141 денар, растот ги надмина поскапувањата

ДЕСК

ТРГОВЦИТЕ ПОД ЛУПА – Државата најавува реакција доколку има неоправдано зголемување на маржите

ДЕСК