31.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Натписот ги разбесни вегетаријанците: Пред месарница се појави порака која предизвика бура од коментари

Знак пред месарница во Единбург може да им се допадне на многу луѓе кои јадат месо, но исто така може да налути некои, исто како што дефинитивно ги налути вегетаријанците во Шкотска.

„Секој ден илјадници невини растенија убиваат вегетаријанци. Помогнете да се стави крај на насилството и јадете месо“, е пораката на таблата пред месарницата која се појави на Фејсбук и предизвика лавина од различни коментари.

Некои тврдеа дека „месарот е психопат“, други забележаа дека и животните јадат растенија, додека еден коментатор истакна дека, за разлика од животните, растенијата не се чувствителни. Некој ја бранеше легитимноста на месарската порака.

– Овие луѓе водат бизнис кој е во нивните семејства со генерации. Ова не значи дека сите ние треба да јадеме месо. Не може да биде во ред вегетаријанците да го веат своето знаме, а месојадците не можат да го прават истото – смета еден од коментаторите.

Сопственикот на месарницата, која е основана во 1889 година и оттогаш е во семејна сопственост, е забавен од реакциите и вели дека неговиот натпис не бил злонамерен и треба да се сфати како „благо задевање“,