„Официјални претставници на Европската унија, на Бледскиот стратешки форум, испратија силен политички сигнал за ново проширување на Унијата во 2030 година. Ова се случува за прв пат после претходното проширување, со јасна временска одредница. 2030 година како можен датум за следното проширување на Унијата покажува дека тоа е временска рамка којашто и Владата предводена од СДСМ го постави како цел“, рече Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.
„Ова е уште една потврда дека нашиот план за членство е реален и остварлив. Овој многу важен сигнал од ЕУ ние мора да го искористиме. За нас како држава која ги започна преговорите и која го привршува скринингот е дополнителна причина зошто не смееме да ја пропуштиме оваа шанса.
Обидите за блокади на ДПМНЕ не смееме да дозволиме да се случат. Не смееме самите да се блокираме на патот кон ЕУ. Затоа е потребно е да донесеме важни, државнички одлуки за промена на уставот и да продолжиме без натамошни пречки во ЕУ. Не се точни, односно лажни се тезите на ДПМНЕ и Мицкоски дека ќе имало нови барања за нови промени на уставот“, изјави Каевски.
„Јасно е се дефинирано во преговарачката рамка, со одлуката за уставните измени ние го продолжуваме европскиот пат а тоа е потврдено од сите 27 земји членки на ЕУ. Лажни се и тезите на Мицкоски и ДПМНЕ дека уставните измени во овој момент не се важни затоа што тие се занимаваат со квалитетот на животот на граѓаните.
Градоначалниците на ДПМНЕ кои што се локална власт во 50 општини низ државата за 2 години не направија ништо за да го подобар животот на граѓаните. И второ, затоа што нема подобар квалитет на живот за граѓаните од полноправно членство во ЕУ, кое патем токму ДПМНЕ и Мицкоски го блокираат.
ЕУ отвора врата за ново проширување и само од нас зависи дали ќе влеземе. Или ќе чекаме 20 години во изолација додека целиот регион напредува кон ЕУ. СДСМ, заедно со граѓаните, заедно со проевропскиот блока ќе стори се да ја обезбеди европската иднина на граѓаните кои во огромен дел, над 80 отсто сакаат да живеат во земја членка на ЕУ.
Се работи за иднината на нашите деца и за успехот на државата и ние тоа ќе го оствариме“, додаде портпаролот на СДСМ.