Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Битолчанец тешко повреден во сообраќајна несреќа меѓу автомобил и товарно возило од Албанија

Синоќа, во 20.08 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Маково, кај крстосницата пред РЕК „Битола“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд ескорт“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г. Д. (48) од Битола, и товарно моторно возило „волво“, со албански национални ознаки, управувано од С. П. (66) од Република Албанија.

Во несреќата Г. Д. добил тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Увидот на местото извршила екипа на СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК