15. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бектеши: Како може поранешен министер од редовите на ВМРО ДПМНЕ да биде сведок против државава, а во корист на странска компанија

Министерот за економија, Крешник Бектеши, со контра прашање до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за изјавите дека секој министер на ДУИ има компании на кои им ги даваат тендерите.

„Јас нема да ви кажувам имиња поради тоа што имаме процеси што се во тек. Но, би ги прашал Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како може нивни претходни министри денеска да бидат сведоци на странски компаниии во судски постапки против државата што ја претставувале. Нема да помине многу, ќе им ги кажеме имињата, само да зваршат судските процеси. Ако зборуваме за компании, министер од ВМРО-ДПМНЕ денеска е сведок против својата држава, а ја имал честа да биде министер на таа држава. И е сведок поради тоа што, кога му завршила функцијата министер, веднаш добил акции и се вработил во менаџментот на таа компанија, каде што денеска сме во судски спор. За тоа да одгоори Мицкоски. Да не шири лажни вести. А особено би му препорачал да не се занимава со луѓе што денеска не живеат меѓу нас“, му порача Бектеши на Мицкоски.