Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.
„Ми претставува чест од името на Собранието на Република Северна Македонија и од свое име да упатам искрени честитки по повод Успение на Пресвета Богородица и да Ви посакам над сѐ добро здравје, душевен мир, семејна среќа и топлина, меѓусебна почит, разбирање и хармонија“, пишува Џафери.
„Нека овој голем ден кој е во чест на Успението на Пресвета богородица биде денот во кој што ќе најдеме сите човечка сила за взаемно разбирање, во исто време ќе почувствуваме благодарност и почит кон благословите што се излеваат врз луѓето на овој празник.
Да се надминеме себеси со тоа што ќе се погрижиме сите да бидеме на исправниот пат, осветлувајќи го и отворајќи го и нашиот ум и нашето срце, затоа што само тогаш ќе знаеме како да го цениме и да го живееме животот како дар во кој царува љубов, радост и взаемна почит. Тогаш ќе можеме да почувствуваме колкава е моќта на животот врз смртта и колку малку треба за да имаме мир и спокој во душата и во државата.
Искрени честитки до сите Вас почитувани граѓани, со желба да најдеме сите во себе доволно доблест за правење на добри дела, за негување на позитивни вредности и споделувањето на најдоброто од нас овој и секој друг ден“, додаде претседателот на Собранието во својата честитка.