Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсен битолчанецот што пукаше во куче, а погодил такси возило

Околу 12.30 часот во СВР Битола Т.В. (50) од Битола, пријавил дека додека како такси возач бил паркиран во населба Горно Оризари во Битола со патничко моторно возило “голф” со битолски регистарски ознаки, слушнал истрел, а куршумот го оштетил задниот дел од возилото.

По извршените оперативни проверки, криминалистичката полиција го лишила од слобода М.Н., кој го признал кривичното дело, а во службениот разговор изјавил дека пукал во куче.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГОТ СОЗДАДЕ ПРОБЛЕМИ НА ПАТИШТАТА – Забрани за камиони и отежнато движење на планинските превои

ДЕСК

(ВИДЕО) СНЕГ ТРУПА НА ЃАВАТО – Хаос на дел од патиштата во Македонија

ДЕСК

(ВИДЕО) СНЕГОТ ПРЕДИЗВИКА ХАОС НА ПАТИШТАТА ВО ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА – Превртено возило на Стража, забрани за камиони и отежнат сообраќај

ДЕСК