Centar.mk
БИЗНИС

Цените на нафтата во пад

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паѓаат поради загриженоста од растот на залихите на бензин во Америка и слабите индустриски податоци на глобално ниво.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море е пониска за 56 центи или 0,7 отсто и сега изнесува 83,48 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 45 центи, или 0,6 отсто, на 79,20 долари за барел.

Залихите на бензин во Америка се зголемија за 1,5 милиони долари. Аналитичарите предвидуваа пад од 888.000 барели.

Можеби ќе ве интересира

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година  

ДЕСК

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

ДЕСК

Секој живот е приказна: Mozzart верна поддршка на кампањата за ретки болести

ДЕСК