Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возач од Куманово тешко повреден, изгубил контрола и со возилото излетал од патот

Во текот на вчерашниот ден, околу 16 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с. Романовце, во с. Романовце, патничко моторно возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од К. Ш. (23) од Куманово, изгубило контрола и излетало од патот.

По несреќата, возачот К. Ш. бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +