Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Наумовски: Верувам дека ќе опстои консензусот за членство во ЕУ

„Не постои држава од посткомунистичкиот свет која претрпела економски штети од членството во ЕУ, напротив, сите имаат видливи придобивки од таа интеграција. Ние одамна имаме консензус за членство во ЕУ и верувам дека тој ќе опстои“ изјави поранешниот потпретседател за евроинтеграции во владата на Никола Груевски и амбасадор на САД за „Слободен печат“.

Тој додава искуствата на државите кои веќе се дел од ЕУ покажуваат дека, покрај економскиот напредок, политичката и безбедносна стабилизација во границите на ЕУ е повеќе од видлива.

„Самата ЕУ почна како мировен проект и откако таа постои нема конфликти помеѓу нејзините држави членки, за разлика од долгиот период на нивни меѓусебни конфликти претходно. Оттаму, конечната стабилизација на Балканот е можна со негова интеграција во ЕУ“ рече Наумовски.

Според него, доколку земјава не го продолжи дијалогот со Еу по завршување на скринингот постои ризик да недостига оној контролен механизам преку кој ЕУ ги надгледува реформските процеси и врши притисок врз власта за достигнување на европските стандарди во многу области.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК