Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре, Османи во Шпанија со обраќање на летната академија организирана од Борел

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе престојува на работна посета на Кралство Шпанија, каде што ќе учествува на летна академија, која се одржува во Сантандер, од 21 до 25 август, а е организирана од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, и Меѓународниот универзитет „Менендез Пелајо“.

Османи ќе се обрати на панел посветен на проширувањето и соседството, со фокус Западен Балкан и неговиот пат кон Европската Унија.

На агендата на Османи во Сантандер на маргините на летната академија се и многубројни билатерални средби со колеги, меѓу кои со шефот на европската дипломатија, Борел, и на Литванија, Ландсбергис, известува МНР.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ГОСТИВАРСКО – „TASK FORCE“ ЗАПРЕЛ ТАКСИ, ПРОНАЈДЕНИ МАРИХУАНА И ПРЕДМЕТ СО ОСТАТОЦИ ОД КОКАИН

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ГОСТИВАР – Уапсен 60-годишник, спроведен во затворот во Тетово

ДЕСК

Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ

ДЕСК