На 28.10.2026 околу 17:00 часот во село Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ лишија од слобода 40-годишен жител на Гостивар и 22-годишен жител на село Врбјани.
При контрола на такси возило со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 39-годишен жител на Гостивар, во кое се превезувале, бил извршен преглед над нив.
Притоа, кај 40-годишниот гостиварец била пронајдена и одземена марихуана, додека кај 39-годишниот возач бил пронајден и одземен предмет со остатоци од кокаин.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.


