Поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска се најавени прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од две скопски општини.
Во општина Петровец, селата Дибље, Сушица, Живиње и Катлановска Сушица се опфатени со прекин од 09:00 до 15:00 часот. На улицата „Јани Лукровски“ во Карпош прекинот е предвиден од 11:25 до 14:25 часот. Термините се планирани и можат да се променат зависно од работите на терен.


