Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Ќе им ја обезбедиме европската иднина на нашите граѓани

„Процесот на носење уставни измени почна, и на собраниската седница се виде дека СДСМ и коалицијата, европската коалиција, се за продолжување на европската интеграција на Македонија и дека опозицијата сака да ја блокира европската иднина на земјата“, велат од СДСМ.

„Повторно, како и во минатото ДПМНЕ е за блокада на патот на Македонија во европските интеграции, односно зачленување во ЕУ исто како што беше и против зачленувањето во НАТО.

ДПМНЕ и Мицкоски одново дејствуваат против интересите на државата, против подобра иднина на граѓаните. Обидот за блокада на европската иднина е опасна, антидржавна и антимакедонска постапка на ДПМНЕ и Мицкоски“, соопшти СДСМ.

„Македонскиот народ, кој е проверопски ориентиран и сите граѓани што се за членство во ЕУ, тоа нема да го простат. Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на штетното, неодговорно и недржавничко однесување на ДПМНЕ.

Нема да дозволиме иднината на државата да е блокирана од страна на Мицкоски и ДПМНЕ. СДСМ, заедно со граѓаните и проевропските политички субјекти ќе направи сѐ да ја разбие таа блокада. Во тоа ќе успееме, ќе ја обезбедиме европската иднина на нашите граѓани“, се додава во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Цела недела Владата на Мицкоски не презема мерки за цените на горивата

C +

ПЕТОК Е НЕРАБОТЕН ДЕН, СЛЕДУВА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Ова се сите преостанати неработни денови до крајот на годинава

ДЕСК

Патаниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата во останатиот дел од државава?

ДЕСК