Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Расчистена кражба во Куманово, крадецот приведен, а одземеното вратено на сопственикот

Во саботата попладне, во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 31-годишниот М. И. од Куманово поради постоење основи на сомнение дека истиот ден извршил кражба од приватен имот во Куманово, при што одзел повеќе предмети, извести МВР.

„Тој го признал извршеното кривично дело и бил задржан во полициска станица. Украденото му било вратено на сопственикот“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +

Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

C +

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

C +