Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нема активни пожари, 22 се изгаснати во последното деноноќие, извести ЦУК

Центарот за управување со кризи известува дека се изгаснати 22 пожара во последното деноноќие, а според извештаите, утрово активни пожари нема.

Како што извести ЦУК, два пожара имало во Скопје, покрај улицата Скупи во Карпош и кај новиот пат Сарај – Рашче, каде што горела сува трева.

Два пожара имало и во општина Новаци – кај село Далбеговци и Новаци кон Рибарци во месноста Ергела.

ЦУК извести дека биле изгаснати пожарите и во Ресен, Крушево, трите пожари во Гостивар, Дебар, во општина Брвеница, Кичево, Штип, Пробиштип.

Шест пожари биле изгаснати во општина Куманово – кај селата Брзак, Ропалце, Ваксинце, Ропалце – Умин Дол, Рамановце, Средорек.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК