Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат – Ова се новите цени на горивата

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.08.2023 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.08.2023 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.08.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 80,00 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира

Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

ДЕСК

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 58. сесија на Клубот на истражувачите

ДЕСК

Ако сирењето лаже, што уште има на рафтовите: Потрошувачите бараат вистина

ДЕСК