16.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
maricic
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Зад ваков предлог цела ЕУ никогаш повторно нема да застане заедно затоа што во Унијата има турбулентни процеси и европски избори следната година

„Не постои ниту еден аргумент дополнувањето на македонскиот Устав да се нарекува бугарски диктат – не, тоа е европски предлог и зад ваков предлог цела ЕУ никогаш повторно нема да застане заедно затоа што во Унијата има турбулентни процеси и европски избори следната година“, истакнува во интервју за Рацин.мк заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Напротив, вели Маричиќ, сме постигнале Договор со кој сме го извлекле максимумот и кој сме го преговарале во наша полза, со што успеавме да ги ставиме во една рамка барањата и обврските од двете страни, и македонските и бугарските.

„Нашата преговарачка рамка го заштитува македонскиот јазик, идентитетот, со што успеавме бугарските прашања да не станат европски и да не ја доведуваат во прашање европската иднина на Северна Македонија. Обврските се опишани во преговарачката рамка и тоа се обврски кои што ние сме ги прифатиле за достигнување на стратешката цел до 2030 година, а тоа е полноправно членство во ЕУ.

Маричиќ нагласува дека „Подобра рамка нема да има, тоа цела ЕУ ни го кажува, тоа го знаеме и ние самите и секој којшто вели поинаку не сака да ја види нашата држава во ЕУ.

„Внесувањето на Бугарите и на другите заедници во Уставот нема да значи дека од денот после гласањето во нашата држава или во светот ќе има помалце Македонци. Не, тоа ќе значи дека од тој ден Македонците ќе бидат многу поблиску до ЕУ, со отворени поглавја, со повеќе европски пари на располагање и со повеќе започнати реформи“, посочува во интервју за Рацин.мк заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.