Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсен крадец во Гостивар, кај него пронајдени кокаин и нож

Вчера попладне, околу 17.30 часот, на улицата Павле Аврамовски во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода 23-годишниот С. Д. од гостиварско Чегране, извести СВР Тетово.

„Тој бил пријавен од 48-годишниот Д. Р. од Охрид дека околу 15 часот во Гостивар му одзел личен предмет и избегал. При лишувањето кај него биле пронајдени и одземени кокаин и нож“, соопшти СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Талески до Костовски: Не го дефокусирајте случајот со Алта банка, кажете дали го познавате Мацура и потеклото на неговите пари?

ДЕСК

Бојковска до Емини: Колку исплати Фондот за обесштетување на депонентите по пропаѓањето на Еуростандард банка и каква е разликата со случајот на Алта банка?

ДЕСК

Лефков: Дали во досегашните проверки од страна на Комисијата за надзор на пазарот на капитал се утврдени евентуални неправилности, или било какви прекршувања на закон поврзани со Алта банка?

ДЕСК