Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна незгода во Гостивар

Вчера, во 10 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на улицата Браќа Ѓиновски во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од 28-годишната М. А. од гостиварско Врапчиште, и мотоцикл „хонда“, што го управувал 65-годишниот гостиварец С. Ц., двете со гостиварски ознаки.

Во несреќата С. Ц. добил тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Талески до Костовски: Не го дефокусирајте случајот со Алта банка, кажете дали го познавате Мацура и потеклото на неговите пари?

ДЕСК

Бојковска до Емини: Колку исплати Фондот за обесштетување на депонентите по пропаѓањето на Еуростандард банка и каква е разликата со случајот на Алта банка?

ДЕСК

Лефков: Дали во досегашните проверки од страна на Комисијата за надзор на пазарот на капитал се утврдени евентуални неправилности, или било какви прекршувања на закон поврзани со Алта банка?

ДЕСК