13.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царинската управа: Полски државјанин во црни кеси скрил девизи, спречен обид за нелегално изнесување поголема сума албански леки

Спречен обид за нелегално изнесување непријавени девизи во висина од 1.890.000 албански леки, што е околу 18 илјади евра, откога полски државјанин на излез од државава, на граничниот премин Деве Баир, спротивно на законот не ги пријавил кај царинските службеници.

„Поради постоење сомнеж, автомобилот со полски регистерски таблички и патникот што патувал со сопатник се упатени на детален преглед, при што под задните седишта во близина на отворот на резервоарот во црни најлонски кеси, како и во личните работи во ранците, пронајдени се 3.952.000 албански леки, што е околу 38 илјади евра. Во согласност со Законот за девизнто работење, нерезиденти може да изнесат од државава до десет илјади евра, при што на двајцата патници им се вратени албански леки во вкупен износ од 2.062.000 леки или 20.000 евра, а преостанатите што не биле пријавени и за кои не поседувале документ привремено се задржани“, велат од Царинската управа.

Против возачот е поднесена пријава за девизен прекршок, а девизите во согласност со регулативата ќе ѝ бидат предадени на Народната банка.