Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

215 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 215 возачи.

Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 87 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.

Можеби ќе ве интересира

Во Драгор пронајдено тело на маж

ДЕСК

Мицкоски: Државата блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен-инвестиција во водната и енергетската иднина

ДЕСК

РАБОТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: Паднал од кров при градежни работи

ДЕСК