9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Никој нема забелешка за предложените уставни измени

Во македонското Собрание утре почнува расправата за предлог-измените на Уставот.

„Предложените уставни измени се јавно објавени и јасно се гледа дека тие дополнително го унапредуваат македонскиот Устав и го зајакнуваат македонскиот идентитет, се унапредуваат основните права на деловите од народи, кои живеат во нашата земја, но и се истакнува посебноста на македонскиот народ“, велат од СДСМ.

„Против предлог измените, никој, па дури и ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски не се изјасни против. Затоа, потребно е обединување околу иднината на земјата со глас за Европа во македонското Собрание. Секој кој и мисли добро на државата ќе ги поддржи уставните измени по чие усвојување веднаш ќе се отворат првите поглавја и ќе се забрза процесот на интеграција во ЕУ“, соопшти СДСМ.

„По 17 години во чекалницата, ги почнавме преговорите со ЕУ и не смееме на тој пат самите ние да си ставаме пречки, откако ги минавме сите предизвици.

Да не дозволиме ситни интереси на поединци и политички кариери скапо да ја чинат државата и да влезе во нова изолација која ќе трае со години, туку низ јавна, аргументирана дебата во Собранието, измените на Уставот да бидат усвоени.

Глас за Европа е глас за подобра, посигурна и постабилна македонска иднина“, се додава во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ДЗС: Пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани убојни средства од Првата светска војна во близина на граничниот премин Меџитлија и во Старо Градско

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделството врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

ДЕСК

(ВИДЕО) Прес на Бране Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?

ДЕСК