Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нема веќе простор за манипулациите на Мицкоски, седницата за уставни измени ќе покаже дали е за или против ЕУ

Соопштение на СДСМ:

Нема веќе простор за Мицкоски и неговите манипулации. Седницата за уставни измени ќе покаже дали Мицкоски и ДПМНЕ се за или дефинитивно се против ЕУ.

Со голема леснотија Мицкоски кажува дека е подготвен да им ја блокира европската иднина на граѓаните земјата, исто како Груевски.

За лични цели, против подобар живот и против стратешката цел за членство во ЕУ. Седницата е последна можност, да покаже Мицкоски дали избрал интеграција во ЕУ или изолација, седнат во скутот на Левица.

Доколку ја одбере Левица и анти-европскиот блок Мицкоски отворено застанува против Македонија, против врвните национални и државни интереси на македонската држава-членство во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК