12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Пратениците да гласаат за европска иднина на нашата земја

Демократската унија за интеграција смета дека утрешната седница за уставните измени ќе биде одлучувачка за европската иднина на нашата земја.

Следствено на тоа, ДУИ апелира до сите пратеници да размислат за важноста на нивната историска задача за земјата да оди напред бидејќи уставните измени се одлучувачки чекор за продолжување на нашите евроинтегративни преговори.
На манипулацијата со граѓаните од страна на различни деструктивни сили и дојде крајот откако, Демократската унија за интеграција како сериозна партија со проамериканска-европска ориентација ги стави на располагање сите можни опции, само за евроинтеграцискиот процес на земјата да не биде блокиран.

Демократската унија за интеграција уште еднаш ги повикува политичките партии и самите пратеници да ги остават настрана личните и партиските интереси, да не се обидуваат да ја блокираат туку, да ја приоритизираат европската иднина на граѓаните.

Република Северна Македонија има свое место во големото европско семејство.

Утре ќе видиме кој е за интеграција, а кој за изолација, кој за Европа, а кој за Русија, кој за перспектива, а кој за уназадување!