Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсени Србин и Полјак на две македонски граници, биле барани од „Интерпол“

Ноќеска во 02.30 часот на Граничниот премин „Пелинце“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.(31) од Република Србија, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во оперативната евиденција е на Стоп-листа, односно се бара по телеграма од Интерпол-Австрија.

„Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Вчера пак, во 12.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода Г.А.С.(54) од Република Полска, затоа што при извршена проверка било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка „апси“ по телеграма од Интерпол.

Можеби ќе ве интересира

Утре започнува евакуацијата на над 600 граѓани заглавени ево Емиратите, Катар и Саудиска Арабија

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ ЈА ОБЈАВИЈА ЧЕТИРИДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – По облачниот викенд следува сончев период со температури до 18 степени

ДЕСК

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста на сопругата

C +