Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ на дело да покажат дека се за европска иднина на државата

Соопштение на СДСМ:

Сите партии, а особено ДПМНЕ да дадат поддршка на Манифестот за преговорите со ЕУ, кој претставува добра основа за обединување на европскиот пат и зад кој застанаа СДСМ и сите политички партии од парламентарното мнозинство.

Со поддршката на Манифестот и на уставните измени ДПМНЕ и Мицкоски на дело ќе покажат дека се за европската иднина на државата.

Во спротивно, ќе покажат дека сите оние декларативни заложби за ЕУ биле само обичен блеф пред граѓаните, пред домашната и меѓународната јавност.

Мицкоски и ДПМНЕ ја имаат можеби последната шанса да се престројат на страната на државните и националните интереси.

По 17 години во чекалната, ги започнавме преговорите со ЕУ, скриниг процесот се одвива одлично и следно е отворање на првите поглавја за што е потребно усвојување на уставните измени, согласно Преговарачката рамка.

Време е за глас за Европа во македонското собрание, време е за обединување околу стратешката цел – членство во ЕУ со заштитен и потврден македонски јазик и идентитет.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК