Centar.mk
ЛОКАЛНО

Денеска без вода улици во Карпош и Гази Баба

ЈП Водовод и Канализација извести дека денеска поради изведување водоводен приклучок на булевар „Осми Септември“ бр.9, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе остане објектот на болницата „Жан Митрев“, општина Карпош.

Исто така поради двоење во шахта на улицата „Зеничка“ бр.11, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од улиците Зеничка, Тајмишка и Душан Тасковиќ, како и дел од корисниците од улицата Коце Металец во општина Гази Баба, додаваат од Водовод и Канализација.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈАТА – На 4 ноември зафати во Маџари, Сарај и Кисела Вода

ДЕСК

185 хуманитарни пакети – роденденска хуманост во Карпош

ДЕСК

Герасимовски: Централните општини на Белград и Сараево во посета на Центар, во фокус младите, развој на спортот и културата

ДЕСК