18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Акцијата за бесплатно приклучување кон системот за топлинска енергија трае до крајот на месецот

До 31 август 2023 година, ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи.

Со цел да им им се овозможи на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, се одвива акција за бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење.

Акцијата за приклучување се спроведува по принципот „прв пријавен, прв услужен“, а важи за сите заинтересираните корисници кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за топлинска енергија.

„Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор. За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што поскоро, а најдоцна до 31 август, да поднесат писмено барање во приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина. По завршување на акцијата, односно од 1-ви септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник“, велат од ЕСМ.

За да се информираат за постапката за приклучување, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100.

Можеби ќе ве интересира

Дали во понеделник треба да се посети менувачница? – Курсна листа за 18-ти август 2025

ДЕСК

Нови цени на горивата

ДЕСК

Во текот на минатата недела УЈП спроведе 383 контроли за фискализација – 27% од контролираните субјекти со утврдени неправилности согласно ЗРГП

ДЕСК