Centar.mk
СТЕФАН БОГОЕВ/ STEFAN BOGOEV
МАКЕДОНИЈАвест

Ќе растат платите, но ќе расте и продуктивноста во Царината – Богоев очекува ефективни заплени и повеќе приходи во Буџетот

Усогласување на Колективниот договор со законот и со општиот колективен договор што ќе значи и зголемување на платите на царинските службеници, како и изготвување на заеднички План за борба против корупцијата со Синдикатите – најавува директорот на Царинската управа Стефан Богоев во гостување на ТВ 21.

Царинските службеници треба да добиваат 30 проценти додаток поради посебните одговорности кои произлегуваат од нивната работа. Поддршка има и од Министерството за финансии, каде се свесни за тоа колку е круцијална работата на царинските службеници кои полнат скоро половина од Буџетот на државата.

„Практично сега сме во фаза, летово, на усогласување на нашиот колективен договор со законот и општиот колективен договор и мислам дека тоа на крај ќе биде на огромно задоволство на вработените во Царинската управа. Целиот тој тим во Министерството е навистина кооперативен. Свесни се важноста на нашата работа, за важноста на царинските службеници и ќе излезат комплетно во пресрет“, нагласи Богоев.

Во врска со новите смени на кадри во Царинската управа, Богоев вели дека се направени повеќе промени во инспекторските места, како и пополнување на испразнети позиции. Од превентивни причини се направени промени на позиции на коишто поради специфичноста на работата е пожелно после одредено време да се направи промена.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК