16.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Како да се заштитиме од пожари – директорот Стојанче Ангелов со апел до граѓаните

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, апелира до населението да биде исклучително внимателно за да не се предизвикаат пожари.

Како главни причини за избувнувањето на пожарите Ангелов ги посочи палењето оган и скара на отворено, палењето стрништа и пасишта, фрлање отпушоци или работа со алат што искри и за кусо време може да предизвика огнена стихија.

„И најмалиот пожар за миг може да излезе од контрола и неколку стотици метри или неколку километри подалеку може да убие човек или да нанесе огромна материјална штета“, предупредува Ангелов.

Во моментот е локализиран големиот пожар што вчера во текот на целиот ден беснееше кај Богданци, но сѐ уште има жаришта. Пожар денес избувна и во близина на Сопотница, Демирхисарско.

Ангелов упати голема благодарност до исклучително професионалните и храбри пилоти на „ертракторите“ и н хеликоптерите, како и до храбрите македонски пожарникари од територијалните противпожарни единици, доброволните противпожарни друштва, екипите на ДЗС и „Национални шуми“ и градоначалниците, како и вработените во ЦУК, кои ги координираат сите најмногубројни единици и ресурси.