14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Пресврт со времето, подгответе се за невреме – Детална прогноза за следните 4 дена

До сабота ќе се задржи многу топло време со натпросечна температура и со умерен, а во сабота засилен јужен ветер. Под влијание на атмосферски фронт во сабота попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Прогноза за 05.08.2023
Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 31°C до 38°C

Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. UV=8

Прогноза за 06.08.2023
Минимална температура: 13°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 32°C

Претпладне променливо облачно, во северните делови со услови за слаб локален дожд, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец. UV=8

Прогноза за 07.08.2023
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 27°C до 34°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен, а кон крајот на денот од северен правец. UV=8