Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Крушевската Република била, е, и ќе биде симбол на државотворните стремежи на македонскиот народ

“Крушевската Република траела само 10 дена, но била, е, и ќе биде симбол на државотворните стремежи на македонскиот народ и на македонската државност” рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање за 2 Август на споменикот на слободата “Сила, слава и победа” на тврдина Кале во Скопје.

Тој додаде дека длабоките демократски принципи на кои се засновала Крушевската Република изразени во Крушевскиот манифест кој јасно прокламира социјална, национална и верска еднаквост, не случајно денес се темелите на современа Република Северна Македонија.

“На Крушевската Република и АСНОМ се надоврзуваат Народното Собрание на тогашни Народна Република Македонија и Собранието на Социјалистичка Република Македонија, како основи на првото повеќепартиско Собрание на Република Македонија, денешно Собрание на Република Северна Македонија” рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека сите клучни одлуки за државата до денес се инспирирани од храброста на илинденците и асномците, со државничко постапување на Собранието.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И УТРА ДО −3 °C – Од понеделник услови за слаб локален дожд

ДЕСК

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК