Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведени четири лица, кај нив пронајдени два килограми марихуана

На 26.07.2023 во 13.50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ѓ.П.(54) од село Ореше, општина Чашка, И.М.(47) од Струмица, Х.М.(37) од Кочани и Р.Г.(46) од село Богомила, општина Чашка.

По претходни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници извршиле преглед во патничките возила „рено сеник“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Х.М. и „фолксваген голф“ со велешки регистарски, управувано од Ѓ.П., а во кои се превезувале и другите лица. Притоа, во возилото „рено“ биле пронајдени околу два килограми марихуана.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК