Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 и против С.Ш.(41) од с.Блаце, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина” по член 380 од Кривичниот законик. Првопријавениот, вработен како референт за управни работи во станица за технички преглед, на 26.06.2023 издал сообраќајна дозвола за товарно возило со скопски регистарски ознаки и ја заверил со службен печат на МВР, со која потврдил дека возилото е технички исправно и со валидна регистрација, иако возилото воопшто не било поминато на технички преглед.

фото Centar.mk

Таквата невалидна сообраќајна дозвола му ја дал на второпријавениот, кој ја приложил на 27.06.2023 на увид на полициските службеници при сообраќајна контрола како доказ дека возилото е со важечка регистрација.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК