Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе присуствува на квадриратерален министерски состанок заедно со Џачка, Марија Габриел и Тајани во Бриндизи, Италија.
Во фокусот на разговорите конкретните начини за унапредување соработка и поддршката на паневропскиот Коридор VIII што ги поврзува Јадранското и Црното Море. Овој министерски состанок се очекува да прерасне во политичка платформа, која ја иницираше министерот Бујар Османи, уште во 2021.
Иницијатива 8, како што се нарекува оваа платформа, има за цел да воспостави регионална економска соработка помеѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија и да се координираат активностите долж коридорот 8 кој започна интензивно да се гради. Овој коридор е можност за економски развој и соработка меѓу трите земји, но и добра основа за подобрување на политичките односи меѓу двете земји преку проект како Коридор 8 кој ги обединува интересите на Владите од овој регион.
Целта на „Иницијативата 8“ покрај другото е премостување на географските, историските и политичките бариери кои го отежнуваат поврзувањето и ја обременуваат подлабоката соработка.